Халк банкаси доминантен сопственик во ИК банка

Bez autora
Mar 17 2011

Турската Халк банкаси А.Ш. со седиште во Анкара ќе стане доминантен сопственик во Извозна и кредитна банка АД Скопје. Таа планира да купи 91,56 проценти од вкупниот број на акции на ИК банка, за што вчера согласност издал гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Петар Гошев. Халк банкаси има намера да ги купи 27.869 акции што ги поседува акционерот холандската ДХБ банка и 10.468 акции од Европската банка за обнова и развој со седиште во Лондон. Од НБРМ истакнуваат дека основната цел на банката како потенцијален доминантен акционер на Извозна и кредитна банка, е да го зголеми нејзиното пазарно учество и да придонесе во проширувањето и подобрувањето на квалитетот на финансиските услуги кои што се нудат на македонскиот пазар.

Халк банкаси доминантен сопственик во ИК банкаТурската Халк банкаси А.Ш. со седиште во Анкара ќе стане доминантен сопственик во Извозна и кредитна банка АД Скопје.

Таа планира да купи 91,56 проценти од вкупниот број на акции на ИК банка, за што вчера согласност издал гувернерот на Народна банка на Република Македонија, Петар Гошев.

Халк банкаси има намера да ги купи 27.869 акции што ги поседува акционерот холандската ДХБ банка и 10.468 акции од Европската банка за обнова и развој со седиште во Лондон.

Од НБРМ истакнуваат дека основната цел на банката како потенцијален доминантен акционер на Извозна и кредитна банка, е да го зголеми нејзиното пазарно учество и да придонесе во проширувањето и подобрувањето на квалитетот на финансиските услуги кои што се нудат на македонскиот пазар.

Турската Халк банкаси А.Ш. е основана во 1938 година. Присутна е на пазарите во Турција, Холандија, Германија, Кипар, Бахреин и Иран. На крајот на 2010 година, нејзината вкупна актива изнесуваше 35.408 милиони евра и според нејзината големина се наоѓа на седмото место на пазарот во Турција. Во минатата година остварила добивка од 976 милиони евра. Агенцијата за приватизација, која е во составот на турската влада, поседува 75 проценти од акциите на Халк банкаси, а останатите 25 проценти те слободно котираат на берзата. Во банката се вработени 13.450 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik